Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повлекува својот висок дипломатски претставник во Москва на „консултации“ по руското признавање на двата сепаратистички региона, Доњецк и Луганск.

Во соопштението на Министерството се наведува дека привремениот вршител на должноста Васил Покотило се враќа во Киев во врска со „незаконската одлука на Русија да ја признае „независноста“ на сепаратистичките региони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.