Заменичката-генерален секретар на ОН, Розмари ДиКарло на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со ситуацијата во Украина, порачадека опасноста од голем конфликт е реален и треба да се спречи по секоја цена.

Таа изјави дека одлуката на Русија да ја признае независноста на дел од сепаратистичките региони Доњецк и Луганск „со нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“ и претставува ризик од регионални и глобални последици.

Исто така, жалиме за денешната наредба да се распоредат руски војници во источна Украина, наводно во „мировна мисија“ – додаде ДиКарло, потсетувајќи дека таквиот развој на настаните следува по одлуката за „масовна евакуација на цивилите од Доњецк и Луганск во Русија“.

Високата официјална претставничка на ОН, исто така, изрази загриженост поради ескалацијата на гранатирањето преку линијата на контакт, што наводно довело до „голем број жртви“.

Податоците на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ покажуваат вкупно 3.231 прекршување на примирјето во регионот Донбас од 18 до 20 февруари, 1.073 прекршувања на примирјето, вклучувајќи 926 експлозии во регионот Луганск и 2.158 прекршувања на примирјето, вклучително и 1.100 експлозии во регионот на Доњецк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.