Украинската вицепремиерка, Ирина Верешчук, изјави дека повеќе од илјада украински војници, меѓу кои и „стотици ранети“, се уште се наоѓаат во челичарницата „Азовстал“ под опсада на руските сили во Мариупол, во југоисточна Украина.

По евакуацијата на сите цивили минатата недела со помош на Обединетите нации, повеќе од илјада војници останаа во подземните галерии на огромниот металуршки комплекс – изјави Верешчук за „Франс прес“.

Таа додаде дека меѓу војниците има и стотици ранети, како и дека има и такви со сериозни повреди кои треба итно да се евакуираат.

Украинските власти во текот на викендот соопштија дека сите жени, деца и постари лица биле евакуирани од фабриката за челик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.