Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека руската специјална операција во Украина многу ја подучила Белорусија.

За време на средбата на тема државната одбранбена наредба, тој истакна дека белоруските власти претходно „на поинаков начин ја гледале својата армија, а пред се вооружувањето на армијата“.

„И повторно, сосема искрено, воената операција на Руската Федерација во Украина нѐ научи многу“, рече Лукашенко.

Тој исто така, рече дека му наложил на шефот на белоруското Министерство за одбрана, Виктор Хрењин, да извлече лекции за опремата и понатамошниот развој на војниците.

„Постојано го прашував: Погледнете околу себе, набљудувајте, извлечете заклучоци. Лекции, лекции и повеќе лекции“, рече Лукашенко.

Претходно белорускиот претседател го обвини Западот дека го поттикнува руско-украинскиот конфликт.

Лукашенко предупреди и дека не треба да се дозволи конфликтот во Украина да се издигне на повисоко ниво. Според него, „неопходно е да се запре и да се постигне договор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.