Украинскиот амбасадор во Германија ги нарече „апсурдни“ руските наводи дека неговата земја е вмешана во нападот кај Москва во кој загинаа најмалку 139 луѓе.

Да, го исклучувам тоа, рече Олекси Макеиев утрово на јавното радио Дојчландфунк, додавајќи дека тоа се „апсурдни обвинувања“.

Според него, „Русија се обидува да ја обвини Украина за тероризам со цел да го оттргне вниманието од сопствениот терор“, јави ДПА.

Најмалку 139 лица загинаа, а речиси 200 беа повредени во нападот во петокот кога четворица вооружени напаѓачи пукаа во Крокус Сити Хол.

Исламска држава веќе неколку пати ја презеде одговорноста за нападот во Москва.

Западните безбедносни власти и експерти, исто така, сметаат дека ова е веродостојно и се сомневаат дека зад него стои огранокот на Исламската држава Провинцијата Хорасан



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.