Руските сили успеваат да ги погодат тајните складишта за муниција во Украина поради дојави од украински бегалец во Полска, пишува „Волстрит џурнал“.

Написот ја раскажува приказната за Максим Лега, кој имал 22 години кога почнал да ги извршува руските задачи во Полска.

Тој, немајќи средства за егзистенција, прво сликал графити на далечни огради и подземни премини за седум долари по парче. Потоа, Лега инсталирал камери долж  железничките линии по кои се транспортира западната воена помош во Украина.

Руските воени аналитичари ги комбинирале снимките од овие камери со снимките од сателитски надзор, што им овозможило да ги следат пратките со муниција од Полска до тајните складишта во Украина, кои на крајот биле погодени и уништени со дронови и проектили.

Висок претставник на западното воено разузнавање изјавил дека на овој начин руските сили успеале да уништат клучна воена опрема со минимални инвестиции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.