Најмалку 40 лица загинале, а 130 се ранети кога украинските вооружени сили го гранатирале затворот во Јеленовка во Доњецката Народна Република (ДПР).

Првиот заменик министер за информации на ДНР, Данил Безсонов, соопшти дека во затворот биле чувани украински воени затвореници.

Тој додаде дека нападот бил извршен со со проектили од американските мобилни системи ХИМАРС.

Претставништвото на ДНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот, соопшти дека единиците на вооружените сили на Украина го гаѓале и округот Кујбишев во Доњецк со артилерија од 152 милиметри, истрелувајќи осум гранати.

Оттаму додаваат дека Украинците истрелале две ракети од МЛРС кон Иловајск во ДНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.