Унгарскиот премиер Виктор Орбан, порача дека западната воена стратегија во однос на руско-украинскиот конфликт не функционира и дека мирот во Украина може да се постигне само преку разговори и договор на Русија и САД.

Западната воена стратегија не успеа. Шансите за мир во Украина се мали без да има преговори меѓу Русија и Америка – изјави Орбан.

Според унгарскиот премиер, во оваа ситуација потребно е да се работи на нов европски безбедносен систем.

Не можете да изгаснете пожар со фрлач на пламен. Америка мора да игра клучна улога. Западот со половина срце е вклучен во војната, мора да се договори нов европски безбедносен систем, а бидејќи ЕУ нема своја обединета армија, мора да очекуваме стабилноста да дојде од руско-американскиот договор – додаде Орбан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.