Украинската влада со резолуција го забрани извозот на ‘рж, јачмен, хељда, просо, шеќер, сол и месо до крајот на оваа година.

Ваквата одлука ќе ја стави безбедноста на храната низ Европа во силен фокус, што ќе доведе до недостиг на жито и цени на основните производи, коментираат британски медиуми.

Русија и Украина заедно се застапени со околу 30 отсто од светскиот извоз на пченица и јачмен.

Министерот за земјоделство на Ирска, Чарли Меконалог, изјави дека фармерите, многу производители на млечни производи и говедско месо треба да размислат за одгледување жито оваа година. Тој рече дека земјата увезува 60 отсто од житото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.