Портпаролот на украинскиот министер за надворешни работи, Олег Николенко, соопшти дека украинските власти подготвиле список од околу 12.000 руски државјани кои ќе бидат ставени под санкции.

Украина ќе продолжи да се бори за санкционирање на руските граѓани, вклучително и на патријархот Кирил, кои ја поткопуваат украинската национална безбедност. Сè на сè, подготвивме список на санкции, во кој се вклучени повеќе од 12.000 руски олигарси, функционери и пропагандисти – изјави Николенко, пренесе ТАС С.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.