Турција дозволи руски брод со жито да го напушти пристаништето, откако бродот беше задржан пред неколку дена, поради обвиненија од Украина дека пренесувал „украдено украинско жито“. Украинското Министерство за надворешни работи потегот го нарече „неприфатлив“.
Украина ќе го повика турскиот амбасадор во земјата за да побара објаснување.
Жал ни е што на рускиот брод „Жибек Жоли“, што беше полн со украдено украинско жито, му беше дозволено да го напушти пристаништето Карасу и покрај криминалните докази што им беа презентирани на турските власти – напиша на Твитер портпаролот на Министерството за надворешни работи, Олег Николенко.
Официјален Киев ја обвини Русија за кражба на жито од територии заземени од руските сили од почетокот на воената операција, кон крајот на февруари. Кремљ ги негира таквите тврдења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.