Заменик-претседателката за вредности и транспарентност на ЕК, Вера Јоурова, изјави дека пристапувањето на Украина во ЕУ ќе потрае многу години. Јоурова додаде дека ЕУ попрво би ги прифатила Србија, Црна Гора или Албанија.

ЕУ дефинитивно нема да прифати никого во своето членство оваа година, истакна Јоурова.

Според Јоурова, Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија имаат најголеми шанси да влезат во Унијата.

Таа истакна дека кандидатите за ЕУ само ќе можат да се доближат до Унијата, но нема да станат дел од неа. На пример, тие можат да воспостават транспортна инфраструктура, енергетска и дигитална интеракција со Унијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.