Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, изрази поддршка за раселувањето на Палестинците од Појасот Газа во странство, велејќи дека војната претставува „можност за фокусирање на охрабрувањето на миграцијата на жителите“ на палестинска територија.

Бен Гвир, на состанокот на неговата ултрадесничарска партија Окма Јехудит (Еврејски сили), порача дека таквата политика ќе овозможи враќање на жителите во израелските погранични области и еврејските доселеници во Газа евакуирани во 2005 година, оценувајќи дека тоа е „исправно, праведно морално и хумано решение“.

Неколку израелски пратеници, вклучувајќи и членови на кабинетот, вршат притисок на, како што велат, „доброволното раселување“ на Палестинците од Газа, што е отфрлено од меѓународната заедница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.