Советничката на украинскиот министер за енергетика, Јелена Зеркаљ, порача дека официјален Киев има лост за притисок врз Будимпешта, а тоа е гасоводот на нафтоводот „Дружба“ кој оди преку украинска територија до Унгарија и со кој „може нешто да се случи“.
Зеркаљ ја обвинува Унгарија ја искористила ситуацијата во Украина и дека практично прибегнала кон уцена на ЕУ.
Во рацете на Украина има одлична алатка – нафтоводот „Дружба“ – порача Зеркељ на безбедносен форум во Киев и потсети дека од гасоводот се двои цевка што оди кон Унгарија и дека нешто може да се случи со таа цевка.
Според Зеркељ, нешто такво би било соодветно.
Во рацете на претседателот и владата е да ги решат политичките прашања, без разлика дали навистина сакаме да разговараме со премиерот Виктор Орбан на јазик што тој го разбира и ѝ го наметнува на Унијата или уште не сме подготвени – порача Зеркељ.
Гасоводот почнува во рускиот регион Самара, поминува низ Брjaнск, а потоа се разгранува во северните и јужните цевки, поминувајќи низ териториите на Белорусија, Украина, Полска, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Летонија и Литванија.
Нафтоводот обезбедува извоз на нафта од Русија во Европа.
Украинскиот гасовод е во сопственост на компанијата „Укртранснафта“, а Русија плаќа транзит за нафтата.
ЕУ воведе пет пакети санкции против Русија. Се подготвува и шестиот пакет, но главната точка на расправа е ембаргото за увоз на руска нафта. Унгарија го блокира усвојувањето на овој пакет санкции со објаснување дека тоа негативно ќе се одрази на унгарската економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.