Украинската војска веќе распоредува ново противтенковско оружје, кое наводно го добила од Германија и кое наводно може да уништи кој било руски тенк.

Мобилните противтенковси ракетни фрлачи „Панцерфауст 3-ИТ“ се модификација на оригиналните ракетни фрлачи „Панцерфауст“ употребувани во Втората светска војан, а е дизајнирано од Западна Германија за да може да го пробива советскиот оклоп.

„Панцерфауст 3-ИТ“ е доволно лесен за да го носи и со него да ракува едно лице. Тоа што го прави особено ефикасно при градски борби, е тоа што со него може да се пука од затворен простор бидејќи нема значителен повратен удар. Задниот дел на цевката, исполнет со пластични гранули, го минимизира ефектот на експлозијата со таканаречен принцип на „контрамас без нагло движење“.

Ефективниот борбен опсег на „Панцерфауст 3“ е од 15 до 300 метри против подвижни и од 400 до 600 метри против статични цели. Оптичкиот нишан со линиска шема прикачена на механизмот за повеќекратна употреба му овозможува да цели на подвижни или статични цели.

За да се обезбеди способност за ноќна борба, пред оптичкиот нишан мпже да се постави уред за ноќно гледање или засилувач за постојната светлина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.