Украина денеска ги демантираше изјавите дека ги одбила преговорите за примирје со Русија, притоа нагласувајќи дека не се согласува со ултиматуми или неприфатливи услови.

Михаило Подољак, советник во кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, изјави за Ројтерс дека Украина подготвила преговарачка позиција, но се соочила со услови за преговори поставени од Русија.

Вчера, агресивните акции на вооружените сили на Руската Федерација ескалираа во текот на денот и ноќта со масовни воздушни и ракетни напади врз украинските градови. Ваквите акции ги сметаме само за обид да се скрши Украина и да се принуди да прифати категорично неприфатливи услови, вели Подољак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.