Украина денеска упати барање до Брисел да и се дозволи да се приклучи на Европската унија по посебна процедура, и тоа во момент кога државата се брани од инвазија на руските сили. Последното проширување на блокот е пред девет години со влезот на Хрватска, додека во „чекалната“ се пет земји.
Ова е кус историјатат на проширување на блокот и неговата чекална.
Европскиот блок, кој започна со шест земји во 1957 година, се прошири неколкупати со некои од геополитички најчувствителните кои дојдоа од 1995 година.
Таа година се приклучија Австрија, Шведска и Финска, давајќи му на блокот граница со Русија за првпат.
Потоа, во историското проширување во 2004 година, ЕУ прифати осум поранешни комунистички земји, вклучувајќи ги Полска, балтичките земји, Унгарија, Словачка, Словенија и Чешката Република, како и медитеранските острови Кипар и Малта.
Во 2007 година на поранешниот источен блок им се приклучија и Бугарија и Романија, а потоа и Хрватска во 2013 година.
Потоа, во 2016 година дојде шокот од референдумот за Брегзит кога Велика Британија гласаше за напуштање. Тешкиот „развод“ беше финализиран во 2020 година.
Најдолго во чекалната на ЕУ е Турција, која кандидатски статус доби во 1999 година, потоа Македонија од 2005 година и Албанија од 2014 година.
Црна Гора кандидатскиот статус го доби во 2010 година, а во 2012 година ги започна преговорите за членство, додека Србија кандидатскиот статус го доби во 2012 година и ги отвори преговорите во 2014 година.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, изјави дека потпишал официјално барање Украина да се приклучи на Европската унија и побара на земјата да и се дозволи на Украина веднаш да добие членство по посебна процедура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.