Во телефонски разговор меѓу претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин му соопштил на Макрон дека постигнување договор на преговорите во Белорусија е можно само ако бидат земени предвид легитимната руска загриженост за безбедноста, вклучувајќи признавање на руската власт над Крим, резолуција чии цели ќе бидат демилитаризација и денацификација на Украина и гарантирање на нејзиниот неутрален статус, соопштија од Кремљ.

Елисејската палата, во соопштение за истиот разговор, јави дека францускиот претседател побарал од Путин запирање на нападите врз цивилното население и станбени објекти и зачувуање на цивилната инфраструктура и главните патишта во Украина.

Според Елисејската палата Путин се согласил со овие барања на францускиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.