Украина се обратила до администрацијата на претседателот Џо Бајден со барање за помош да се лоцираат цели во Русија врз кои Киев би можел да нанесе удари со сопствено оружје, објави „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори во Белата куќа.

Тие ги замолија (САД) за помош да се нанесат удари во Русија. Стануваше збор не само за вооружени системи но и дополнителна помош за нанесување удари по руски воени лица, изјавил началникот на Генералштабот на вооружените сили на САД генерал Чарлс Браун.

Исто така, официјален Киев побарал од Вашингтон да дозволи користење американско оружје за удари по територијата на Русија. Според весникот, барањето на Украина поставено минатата недела се уште се разгледува.

Ако САД го задоволат барањето на Украина тоа ќе укажува на сериозни промени во политиката на американската администрација која се стреми да го намали ризикот од ескалација меѓу Вашингтон и Москва истовремено подржувајќи го Киев, истакнува изданието.

Според извор во Белата куќа, САД не ја подржуваат иницијативата на украинската страна

Ние не охрабрувае и не дозволуваме удари по територијата на Русија, изјава Џон Кирби, директор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност во Белата куќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.