Украина официјално ќе побара „забрзано членство во НАТО“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Преземаме одлучувачки чекор со потпишување на апликацијата на Украина за забрзано членство во НАТО, рече тој во видео обраќањето.
Украинскиот лидер тоа го соопшти неколку минути откако Русија официјално ја официјализираше анексијата на четири украински региони.
Додаде дека Киев е подготвен да преговара со Москва, но не со Владимир Путин, туку со друг руски претседател.
Подготвени сме за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија, објави Зеленски во видео пораката објавена на неговиот канал на Телеграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.