Средношколец до смрт избол професорка по шпански јазик во училиште во францускиот град Сен Жан де Луз, јавува Би-Би-Си.

Локалниот обвинител Жером Бурие за новинската агенција АФП го потврди нападот, а локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил во училница во утрово.

Властите потврдија дека полицијата е на местото на настанот со локален обвинител.

Уапсено е 16-годишно момче.

Наставничката била во педесеттите години и починала од срцев удар кога на местото на настанот пристигнала итната помош, јавуваат локалните медиуми. Напаѓачот наводно влегол во училницата додека професорката по шпански одржувала лекција и ја нападнал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.