Шефот на руската тајна служба го информирал претседателот Владимир Путин дека се уапсени четворица терористи вклучени во нападот, а вкупно 11 се приведени, пренесе РИА Новости.
Претходно рускиот претставник напиша дека двајца се уапсени.
Двајца осомничени за кои се верува дека се вмешани во синоќешното пукање се уапсени по бркотница со автомобил, напиша руски политичар, пратеник во рускиот парламент.
Реното во кое се возеле осомничените е откриено во текот на ноќта во областа Брјанск“, изјави Александар Хинштајн.
„Автомобилот не застанал на барање на органите на редот и се обидел да побегне, а при потерата пукале и автомобилот се превртел“, додаде тој.
Едниот осомничен е приведен на местото на настанот, додека другиот побегнал и бил уапсен околу 3:50 часот по локално време.
Потрагата по другите продолжува, рече тој.
Тој исто така рече дека во автомобилот бил пронајден пиштол, магацин со муниција и пасоши на државјани на Таџикистан.
Last night, a Renault car, believed to have been driven by the suspects, was discovered in the vicinity of the village of Khatsun of the Bryansk region. Alexander Khinshtein reported this incident.
According to him, the vehicle failed to comply with law enforcement requests to… pic.twitter.com/PiBEGez2vY
— Russian Market (@runews) March 23, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.