Две лица осомничени за синоќешниот напад кај Москва, во кој загинаа повеќе од 60 лица, се уапсени во руската област Брјанск, по бркотница со автомобил, напиша пратеникот Александар Хинштајн на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Тој изјави дека останатите осомничени побегнале во блиската шума пеш.

Вооружени мажи синоќа отворија оган од автоматско оружје врз присутните на концертот во близина на Москва, при што загинаа најмалку 60, а беа повредени 145 луѓе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.