француско-холандска криминална банда која ограбувала низ Европ е уапсена од страна на француската полиција во Стразбур. Како што објавија француските медиуми, станува збор за група од 13 мажи кои наводно украле стотици илјади евра. Според француската телевизија BFM бандата била уапсена во петокот наутро кога нејзините членови се вратиле од грабеж на банкомат во Германија.

Осомничените биле на возраст меѓу 25 и 30 години, а според NL Times, полицијата ја следела групата неколку месеци. ЖФранцуските медиуми пишуваат дека бандата оперирала околу 12 пати во Германија и најмалку пет пати во Швајцарија пред да ги префрли своите операции во Франција. Во јули два банкомати биле кренати во воздух во Стразбур и околината.

Полицијата ги поврзала нападите на банкоматите со начинот на дејствување на бандата, при што сторителите секој пат по грабежите брзо се оддалечувале. Се наведува дека најголемиот дел од пленот дошол од Германија, каде што 13 осомничени кревале во воздух најмногу банкомати.

Тоа е затоа што банкоматите чуваат големи суми, бидејќи готовината сè уште е главниот начин на плаќање во Германија.

Холандските медиуми пак пишуваат дека благодарение на заедничката истрага на француската, германската и швајцарската полиција, уапсена е озлогласена меѓународна банда,.

Членовите на бандата најдоцна во вторник ќе бидат изведени пред судија во Нанси. Таму ќе се одлучува дали ќе им биде продолжен притворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.