Мексикански нарко бос, кој се наоѓа на листата на најбарани во САД, е уапсен во Мексико, соопшти Министерството за воена морнарица.

Рафаел Каро Кинтеро (69) е уапсен во северната држава Чивава.

Кинтеро беше на списокот од десет бегалци најбарани од ФБИ за киднапирање, тортура и убиство на специјалниот агент на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА), „Кики“ Камарена, во Мексико, во 1985 година – соопштија од ФБИ.

САД понудија 20 милиони долари за негово апсење.

Мексиканецот е еден од основачите на првиот голем нарко картел во Гвадалахара во доцните 70-ти.

Тој го задржа влијанието во картелот Синалоа и во организацијата за трговија со дрога Каро Кинтеро – додаваат од ФБИ.

Кинтеро, првпат беше уапсен во 1985 година и осуден на 40 години затвор во Мексико. Поради формално правно прашање, тој беше ослободен во 2013 година. Набргу потоа, мексиканското правосудство повторно побара негово апсење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.