Седумгодишно момче и неговата постара сестра загинале за време на огномет по повод националниот Ден на Бастилја во Франција во западниот град Шоле.

Ракетата експлодирала среде група луѓе“, рече градоначалникот Жил Бурдул и изјави дека жртвите биле заедно со другите членови на семејството на 50 метри од местото каде што бил испален огнометот.

Од силината на експлозијата се запалила и тревата во околината.

Момчето веднаш починало, а неговата 24-годишна сестра подоцна починала од срцев удар, јавија француските медиуми. Повредени се уште седум лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.