Германците, плашејќи се од недостиг на гас во есен и зима, купуваат повеќе електрични греалки, иако здруженијата за заштита на потрошувачите предупредуваат на неекономичноста од овој тип на греење.

Гледаме натпросечна побарувачка за греалки“, велат од синџирот продавници за електрични производи Медиа Маркт/Сатурн.

Синџирот продавници за градежен материјал Хорнбах забележа 100 отсто поголема побарувачка отколку во истиот период лани.

Побарувачката нагло се зголеми во последните три недели“, вели Флоријан Преус од Хорнбах.

Покрај огромниот пораст на побарувачката за електрични греалки, се зголеми и побарувачката за други алтернативи на гас како што се печките на дрва и јаглен.

Како што јави агенцијата ДПА, германските граѓани сè повеќе стравуваат дека Русија би можела целосно да ја прекине испораката на гас за Германија.

Експертите проценуваат дека наесен, кога граѓаните ќе се вратат од летните одмори, би можело да дојде до уште поголема побарувачка за електричните греалки. Истовремено,здруженијата за заштита на потрошувачите предупредуваат на високите цени на греењето со вакви уреди и посочуваат дека греењето на струја е погодно само во случај на краткотраен дефект или немање парно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.