Твитер мора да ги открие сите детали за начините за борба против говорот на омраза што е присутен на таа „онлајн“ платформа во Франција, одлучи Апелацискиот суд во Париз.
Судот пресуди во корист на лоби-групите, вклучително и Здружението на француски еврејски студенти (УЕЈФ), СОС расизам и СОС хомофобија, кои велат дека социјалната мрежа не прави доволно за сузбивање на говорот на омраза.
Пресудата ја потврди одлуката на понискиот суд од јули кога на Твитер му беше наредено да дозволи целосен пристап до сите релевантни документи кои се однесуваат на напорите на компанијата против говорот на омраза, вклучувајќи го бројот, националноста, локацијата и јазикот на вработените задолжени за модерирање на содржината на француската верзија на платформата.
Според пресудата, Твитер мора да плати по 1.500 евра на секоја од шесте оштетени страни.
Политиката на Твитер за говор на омраза им забранува на корисниците да промовираат насилство, закани, но и напади врз луѓе врз основа на нивната раса, религија, родов идентитет или попреченост и други форми на дискриминација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.