Пакистански суд осуди жена на смрт, прогласувајќи ја за виновна поради објавување на „богохулен“ статус, односно карикатури на пророкот Мухамед, на Ватсап. Осудената ја испратила пораката до пријател.

Анека Атик (26) беше уапсена во мај 2020 година, откако пријател ја обвини дека испратила „богохулни“ карикатури на пророкот и „непристојни“ забелешки за „свети личности“.

На овој начин, таа свесно и намерно ги сквернавела светите праведни лица и ги навредувала верските убедувања на муслиманите – се вели во обвинението.

Судот нареди жената да биде обесена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.