Социјалната мрежа Твитер не е достапна во Русија. Во многу градови, особено во Москва, не е можен пристап до Твитер, а пристапот е прекинат денеска напладне, јави агенцијата Анадолија.
Во текот на денот повремено имаше проблеми и со пристапот до Фејсбук и Инстаграм.
Руската Федерална агенција за надзор на информатичките технологии и медиумите – Роскомнадзор вчера објави дека делумно го ограничила пристапот до Фејсбук.
Роскомнадзор денеска им нареди на десетици руски медиуми да ги отстранат информациите за воената операција во Украина добиени од неофицијални извори или од украински. На 24 февруари агенцијата објави дека руските медиуми „се обврзани да користат информации и податоци добиени исклучиво од руски официјални извори“ при подготовката на информативните материјали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.