Во Ирак е одржан состанок за безбедносни прашања, на кој учествуваа претставници на турските безбедносни агенции. По самитот беше објавена заедничка декларација.
Одлучено е да се формираат заеднички постојани комисии кои ќе работат во областа на борбата против тероризмот, трговијата, земјоделството, енергетиката, водните ресурси, здравството и транспортот“, се наведува во соопштението.
Покрај тоа, ирачкиот Совет за национална безбедност ја означи курдската работничка партија ПКК како „забранета организација“.
На тој начин, официјална Анкара ја надмина политичката пречка во односите со Багдад во врска со борбата против ПКК. Истовремено, Турција го подготвува теренот за своите летни операции според член 51 од ОН и врз основа на договорот со Ирак од 1983 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.