Домашна мачка случајно ја спасила својата сопственичка од шрапнели при украинско гранатирање во Шебекино, во руската област Белгород.

Мачорот Ачи, дошол да побара храна од Ана и легнал на нејзината перница, покривајќи ѝ ја главата со својата бушава опашка. Во тој момент почнало гранатирањето, пукнале прозорците во станот, а фрагменти од граната полетале право во собата.

Семејството се разбудило од вревата и го виделе Ачи облеан во крв. Мачорот го примил ударот на шрапнелите врз себе. Да не бил тој, фрагментот ќе ја погодел жената в глава. Ачи бил повреден, но, за среќа, важните органи му останале недопрени.

Мачорот-херој бил однесен на ветеринар, каде што од него бил изваден фрагмент од шрапнелот, ја обработиле раната и го преврзале.

Сега се е во ред со Ачи, тој е во задоволителна состојба – пропишан му е посебен режим на исхрана и редовно менување завои.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.