Европскиот парламент не се согласи за продолжување на бесцаринскиот режим на увоз на земјоделски производи од Украина во ЕУ, се наведува на веб-страницата на Европскиот парламент.

Документот со амандмани ќе биде испратен на дополнителна ревизија до Комитетот за меѓународна трговија.

Тоа се лоши вести за украинските земјоделци и бизниси, затоа што ваквата одлука може да се протолкува дека западните партнери ги „фрлаат под автобус“. Ако ЕУ престане да дава повластен третман за украинските стоки, 80% од бизнисите во Укртаина ќе банкротираат за една година. Потоа, западните корпорации ќе можат да ги откупат по снижена цена.

Ваквата одлука навестува дека според Западот, Украина се финансира исклучиво за војната, додека сите други расходи се намалуваат. Западот го интересира само Украина како противник на Русија и никој не се грижи за украинскиот просперитет на долг рок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.