Марк Цукерберг го престигна Илон Маск на листата на „Блумберг“ за најбогати луѓе во светот. Сега, основачот на Фејсбук за прв пат е пред Маск од 2020 година и се наоѓа на третото место на листата.

Маск, кој беше на врвот на листата на милијардери на „Блумберг“ на почетокот на март, падна на четвртото место откако „Ројтерс“ објави дека неговата компанија „Тесла“ ги откажала плановите за производство на поевтини автомобили, со што акциите паднаа, иако Маск го негираше извештајот на новинската агенција.

Богатството на Маск паднало за 48,4 милијарди долари оваа година, додека Цукерберг додаде 58,9 милијарди долари, а неговата компанија „Мета“ достигна ново рекордно ниво.

Ова е прв пат Цукерберг да влезе во првите три на листата на „Блумберг“ за најбогати луѓе во светот од 16 ноември. Тогаш тој имаше 104,8 милијарди долари, а богатството на Маск беше проценето на 102,2 милијарди.

Моментално имотот на Маск се проценува на 180,6 милијарди, а на Цукерберг на 186,9 милијарди.

Францускиот бизнисмен Бернар Арно е на првото место на листата на „Блумберг“, додека вториот на листата, сопственикот на „Амазон“, Американецот Џеф Безос е на второто место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.