Трудница си закова клинец во главата откако исцелител ја убедил дека така со гаранција ќе роди машко дете. Инцидентот се случил пред неколку дена во градот Пешавар во Пакистан.
Неврологот Хајдер Сулеман, кој ја лекувал жртвата во болницата „Лејди Ридинг“, за паскистанскиот весник „Зора“ открил дека иако шајката долга 5 сантиметри продрела во черепот на жената, за среќа, не стигнала до нејзиниот мозок.
Таа рече дека една жена од нејзиното маало го направила истото, си заковала шајка во главата, и родила момче иако ултразвукот покажал дека нејзиното неродено дете е девојче, раскажува докторот.
Трудницата во болница прво тврдела дека сама си ја ставила шајката, според советите на исцелителот, за подоцна да признае дека самиот тој ја „заковал“. Според пакистанските медиуми, тој вчера бил повикан на разговор.
Дополнително вознемирувачка е и веста дека роднините на трудницата, пред да побараат лекарска помош, сами се обиделе да ја извлечат шајката од нејзиниот череп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.