Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост по воздушниот напад врз болницата Ал Ахли во Газа, јавуваат палестинските државни медиуми.
Како што јави претходно Би-Би-Си, Израелците рекоа дека причината за пожарот во болницата не е јасна и оти војската се уште истражува.
Би-Би-Си успеа да разговара со неименуван доктор кој работи во болницата. Тој за програмата Њузаур (Newshour) на Светскиот сервис на Би-Би-Си изјави дека местото на нападот, каде биле засолнети околу 4.000 раселени лица, е целосно уништено.
Тој додаде дека 80 отсто од болницата не е во функција, а во експлозијата загинале или се повредени стотици луѓе. Рече дека болницата е празна бидејќи луѓето се зафатени обидувајќи се да ги спасат преживеаните од нападот, јави Би-Би-Си.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.