Судејќи според она што го кажа за таблоидот Israel Hayom, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се чини дека го поддржува одговорот на Израел на масакрот на Хамас на 7 октомври.

„Само лудак или идиот не би реагирал како Израел на 7 октомври“, ја цитира таблоидот, изјавата на Трамп, во пократка верзија на написот, додека целосното интервју со него ќе биде објавено подоцна денеска.

Досега Трамп не го искажа јасно своето мислење за одговорот на Израел на октомврискиот напад од страна на Хамас и најмногу повторуваше дека долго планираниот напад немаше да се случи доколку тој сè уште беше претседател на САД.

Веднаш по нападот, Трамп го нарече израелскиот министер за одбрана Јоав Галант „кретен“ поради предупредувањето на Хезболах. Тогаш Трамп за Хезболах, кој е прогласен за терористичка група, рече дека тие се „многу паметни“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.