Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги објави сите информации за поврзаноста на семејството Бајден и особено односите на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо, со олигарсите во источна Европа, пишува „Гардијан“.
Мислам дека Путин ги знае одговорите на тоа и треба да ги објави. Сметам дека треба да го добиеме тој одговор – изјави Трамп во интервју за американскиот „Just the News“, алудирајќи на бизниси на Хантер Бајден во Русија.
Трамп се повикува на извештајот на Сенатот од 2020 година во кој се наведува дека рускиот олигарх Јелена Батурина, во тоа време сопруга на градоначалникот на Москва, пред десет години обезбедила 3,5 милиони за компанија основана од синот на претседателот Џо Бајден, без притоа да се појасни зошто се доделени тие средства, прецизира „Гардијан“.
Како градоначалникот на Москва и неговата сопруга, му дале на семејството Бајден три и пол милиони долари? Мислам дека Путин сега би сакал да даде одговор. Сигурен сум дека знае – изјави поранешниот американски претседател.
Порота во САД го истражуваше бизнисот на Хантер Бајден поради сомневања за даночни прекршувања, странско лобирање и перење пари, но тој негираше каква било вина, пишува „Гардијан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.