Доналд Трамп би ги победил и претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис доколку изборите во 2024 година се одржат денеска, покажува најновата објавена анкета.

Поранешниот републикански претседател води против Бајден со шест поени разлика во најновото истражување на Харвард КАПС-Херис, што е уште една страшна анкета за Белата куќа, која е зафатена од пад на рејтингот и повеќекратни кризи, пишува „Дејли мејл“.

Четириесет и седум отсто од анкетираните би го поддржале Трамп во 2024 година, во споредба со 41 отсто на оние кои го поддржуваат Бајден. Дванаесет отсто рекле дека се неопределени.

На Харис и оди уште полошо од нејзиниот шеф. Таа заостанува зад Трамп за 11 процентни поени.

Потпретседателката би добила 38 отсто од хипотетичките гласови, додека Трамп има 49 отсто – два поени повеќе отколку што би постигнал против Бајден.

Додека Бајден веќе ја објави својата намера да се кандидира за втор мандат, Трамп во неколку наврати ја најавуваше кандидатурата за 2024 година, но се уште не кажал со сигурност дали ќе почне трета претседателска кампања.

Кога Бајден ја избра Харис за своја потпретседателка, создавајќи историја, се сметаше дека таа ќе го заземе неговото место. Но, нејзината длабока непопуларност, која е дури и поголема од онаа на Бајден, ги загрижува левичарските оперативци за тоа кого ќе го кандидираат во следниот круг на претседателските избори.

Можеби е добра вест за Харис, што таа е прва во хипотетички дуел против гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис. Гувернерот на Републиканската партија постигна 38 отсто поддршка во истражувањето на Харвард, додека Харис има подобар резултат со 40 отсто.

Поранешниот републиканец од Претставничкиот дом, кој беше избран да ја води „сончевата држава“ со поддршка на Трамп, беше ѕвезда во подем во рамките на Републиканската партија, особено поради неговите гласни критики за администрацијата на Бајден и отпорот кон нејзините насоки за јавното здравје во време на короната.

Тој е втор зад Трамп во повеќе анкети на Републиканската партија во 2024 година, иако поранешниот претседател сè уште се смета за омилен кандидат.

Иако претседателските избори се уште се далеку, непопуларноста на Бајден останува лош знак за демократите во Конгресот кои сакаат да го задржат своето мало мнозинство на среднорочните избори во ноември.

Неодамнешната анкета на Ен-Би-Си, објавена во неделата, покажува дека републиканците имаат мала предност пред демократите во претстојната трка. Четириесет и шест отсто од гласачите рекле дека би сакале републиканците да го контролираат Конгресот во 2023 година, во споредба со 44 отсто кои поддржуваат демократите да останат на власт.

Последната анкета на Ен-Би-Си во јануари покажа дека демократите имаат мала предност во однос на Републиканската партија со разлика од 47 до 46 отсто.

Истата анкета покажува дека рејтингот на Бајден е 40 отсто, што е најниска бројка што ја забележала Ен-Би-Си досега во демократското претседателство.

Тие, исто така, се борат со сеприсутните проблеми со синџирот на снабдување и рекордно високата инфлација во последните 40 години, што доведува до вртоглав пораст на трошоците за живот за милиони Американци секој ден.

Војната во Украина влијае и на мандатот на Бајден во Белата куќа. Освен што цените на горивата имаат вртоглав пораст, повеќекратните анкети покажуваат дека американските гласачи се плашат од неизбежната војна со Русија и малку веруваат во нивниот претседател да се справи со меѓународната криза.

Неделната анкета покажа дека испитаниците се прашуваат „колку доверба“ имаат во способноста на Бајден да ја контролира воената акција на Русија.

Најголем дел – 44 проценти – рекле дека имаат „многу мала“ доверба во претседателот, додека 27 проценти имаат „само малку“ доверба во него.

Само 28 отсто од анкетираните Американци изјавиле дека споделуваат „одлична“ или „прилична“ поддршка за односот на Бајден кон Украина – далеку од довербата што претседателот се обидуваше да ја проектира преку децениското искуство во надворешната политика во Сенатот.

Се чини дека повеќето Американци веруваат дека досегашните постапки на Бајден ја доведоа земјата до директен конфликт со Русија и покрај изјавата дека САД претпочитаат политика на деескалација преку дипломатија.

Шеснаесет проценти од Американците велат дека веруваат дека нивната нација веќе е во војна со Русија врз основа на Бајден и неговите службеници кои се справуваат со кризата. Неверојатни 44 отсто рекле дека разорниот конфликт „ќе биде завршен следната година“.

Само 34 отсто се убедени дека САД нема да бидат вклучени во војна со Русија.

И 56 отсто од испитаниците во анкетата на Асошиејтед прес / НОРЦ Центарот за истражување на јавните односи во понеделникот рекле дека Бајден „не е доволно силен“, а шест отсто веруваат дека е „премногу строг“ кон Русија.

Триесет и шест отсто од анкетираните изјавиле дека одговорот на претседателот кон Путин е „приближно точен“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.