Поранешниот американски претседател Доналд Трамп предложил САД едноставно да ги покријат борбените авиони со кинески знамиња и да ја нападнат Русија, велејќи дека тоа ќе ги наведе Русите и Кинезите да се борат меѓу себе.
Обраќајќи им се на главните донатори на Републиканскиот национален комитет синоќа во Њу Орлеанс, Трамп повторно се осврна на војната меѓу Русија и Украина. Во таа прилика, тој ја изнесе идејата дека би било добро САД да ги прикријат борбените авиони Ф-22 со кинески знамиња и да бомбардираат во Русија, според аудиоснимката објавена од новинарот на Вашингтон Пост, Џош Доуси.
„И тогаш ќе речеме – Кина го направи тоа, ние не. Потоа тие почнуваат да се расправаат меѓу себе, а ние седиме и гледаме“, додаде Трамп.
„Јас сум единствениот американски претседател во овој век за време на кој Русија не нападна никого“, додава Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.