Руската амбасада во Македонија реагира на веста што ја објави украинскиот министер Кулеба дека руската армија бомбардирала цивилни цели во Украина.

❗️Борба со лажни вести
❌Лажна вест: Руската армија ги бомбардира станбени области на град Чернигов користејќи бомби FAB-500. Ова го изјави претседателот на регионалната воена управа на Чернигов, Вјачеслав Чаус.
✅ Вистина:
Ова е јасна дезинформација. Бомба од овој тип фрлена од височина би била масовно деформирана. Нејзиното тело е направено од прилично кршливо леано железо. По падот од височина и со забрзување бомбата нема да изгледа како штотуку донесена од магацин. Надвор од секакво сомневање, бомбата била донесена од некој магацин на вооружените сили на Украина. Овој вид оружје е советско наследство, FAB-500 е во арсеналот на многу земји, вклучително и Украина. Всушност, украинската армија веќе употреби таквите бомби во регионот на Донбас, велат од амбасадата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.