Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека физичкото и менталното здравје на американскиот претседател Џозеф Бајден се влошува, како и состојбата на целата земја.

Не можеме да направиме ништо за да го запреме менталниот и физичкиот пад на Џо Бајден. Но, со вашиот глас во ноември (на изборите за Конгресот), можеме да го запреме падот на нашата земја – им порача Трамп на своите поддржувачи на митинг во Мичиген.

За врме на митингот, Трамп порача дека САД не се најзагрозени од Русија или од Кина, туку од сегашната власт.

Имаме претседател кој нема поим што се случува, нема поим што прави или што зборува… Претседателските избори беа наместени и украдени и затоа земјата пропаѓа – изјави Трамп.

Според Трамп, ваквата состојба е најсериозната закана со која се соочува државата. Трамп, додаде и дека САД се на работ на „економски кошмар“.

На 27 март, на собир на поддржувачи во Џорџија, Трамп ја критикуваше администрацијата на Белата куќа за ситуацијата околу Украина и го нарече Бајден „убиецот на американскиот сон“. Трамп додаде дека како резултат на деструктивната политика на Бајден, земјата оди во пеколот.

Среднорочните избори за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември, а ќе бидат избрани сите 435 членови на Претставничкиот дом и 35 од 100-те места во Сенатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.