Маж се удави откако го проголта дупка што се отвори на дното од базенот, пренесува „Телеграф“. Клил Кимхи (32) загина во четвртокот, откако го вшмукал вител на дното од базенот во вилата што неговата маркетинг компанија ја изнајми за забава во централниот израелски град Кармеи Јосеф.

Еден од присутните на забавата рекол дека дупката се појавила наеднаш, додека околу базенот имало околу 50 луѓе.

Нивото на водата наеднаш почна да опаѓа и се отвори голема дупка, при што настана вртлог кој вовлече две лица, изјави еден од сведоците на немилиот настан.

Брачна двојка на 60 години, на чиј имот се одржувала забавата, е уапсена под сомнение дека предизвикале смрт од небрежност.

На видеото снимено во моментот на несреќата се гледа како водата од базенот, како и бројните играчки на надувување, одеднаш исчезнуваат низ дупка што се отворила на дното на базенот.

Во меѓвреме, луѓето седат околу базенот, додека еден човек во базенот се сопнува и речиси го вшмукува вртлогот, додека музиката свири во позадина.

И додека човекот кој накратко останал заглавен во дупката избегал само со полесни повреди, телото на Клило Кимхи било пронајдено само неколку часа подоцна на дното на тунелот долг 15 метри што се отворил под базенот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.