Руските сили денеска ја гранатираа зградата на регионалната администрација на централниот плоштад во Херсон на југот на Украина, соопшти заменик-секретарот на претседателот на Украина, Кирил Тимошенко.

Тој на својот профил на „Телеграм“ објави фотографија на која се гледа руинирана зграда, со срушен таван и бања, со порака дека два ката од зградата се урнати, но дека „за среќа нема повредени“.

Украина ја презеде контролата врз Херсон од руските сили минатиот месец, што предизвика прослави на централниот градски плоштад во градот, при што украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети областа за да го поздрави „крајот на руската операција“.

Непотврдено видео кое се појави на Телеграм покажува облак од чад како извира од врвот на гранатираната управна зграда.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.