Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во верижна несреќа во северозападна Турција, јавува Ројтерс.

Во несреќата учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и еден камион, пишува Anadolu Agency. Несреќата се случила на автопатот „Северна Мармара“, во близина на областа Дагдиби во северозападната провинција Сакарија.

Причината за несреќата се уште не е утврдена. Приватниот информативен канал НТВ објави дека областа е покриена со густа магла, а видливоста е слаба. Обвинителството на округот Сакарија отвори истрага.
Гувернерот на провинцијата Сакарија изјави за локалните медиуми дека 57 лица се повредени и пренесени во болница.

На местото на настанот пристигнаа жандармерија, пожарникари, медицински екипи и претставници на Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Сообраќајот на автопатот во правец на Истанбул е запрен. Патот се расчистува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.