Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска на Твитер објави дека телефонски разговарал со францускиот колега Емануел Макрон, при што двата лидери го истакнале значењето на „продолжување на мирниот дијалог“.

Зеленски истакна дека со Макрон разговарале и за продолжување на поддршката за Украина против руската агресија, особено во сферата на одбраната.

– Мораме да ја зајакнеме антивоената коалиција, напиша Зеленски на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.