Таксистите во Барселона најавија серија организирани протести против поскапувањето на горивото, почнувајќи со бавна колона низ градот.

Зголемените цени на горивата вршат притисок врз нашето секојдневно работење – се вели во локалното професионално здружение на таксисти.

Во Барселона, но и ширум Шпанија, може да се забележи и дека некои бензински пумпи веќе воопшто немаат гориво.

Цената на бензинот силно удри по џебот на возачите и производството на големите компании трпи огромни загуби. Ширум Европа, по големиот скок на цените на горивото, расте бранот штрајкови на камионџиите. На масовните протести, освен Шпанија, се приклучија и Италија, Германија и Франција.

Така, со барањата да се запре поскапувањето на горивата, колона од 250 камиони помина низ улиците на Хамбург. Камиони ги блокираат главните патишта и во Шпанија. Камионџиите бараат да престане наглото поскапување на бензините и дизелот. За само еден месец горивата во Шпанија и Франција поскапе за 15%. Во Велика Британија, пак, цените на бензинот достигнаа историски максимум од над 1,67 фунти (2,2 долари) за литар.

Поради ваквите штрајкови, постепено почнаа да се појавуваат последиците изразени во недостиг на залихи, особено на свежи производи.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.