Нов бран на инфекции предизвикани од омикрон сојот на корона вирусот се сели во Источна Европа, предупреди денеска Светската здравствена организација, повикувајќи ги властите да ја подобрат вакцинацијата и другите мерки.

Во текот на изминатите две недели, случаите на Ковид-19 се повеќе од двојно зголемени во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија и Украина, рече регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге, Ројтерс.

СЗО, исто така, ја нагласи континуираната потреба од мерки како што се брзо тестирање и носење маски, истакнувајќи дека досега се пријавени повеќе од 165 милиони случаи на Ковид-19 низ европскиот регион на СЗО и 25.000 смртни случаи во изминатата недела.

Клуге рече дека сегашната загрижувачка ситуација, поради плимниот бран на омикрони и делтата што сè уште циркулира на исток, „не претставува момент за укинување на мерките, за кои знаеме дека делуваат за намалување на ширењето на Ковид- 19“.

Тој, исто така, ги повика владите да ги истражат локалните причини за ниските стапки на вакцинација, бидејќи рече дека помалку од 40 отсто од оние над 60 години во Босна и Херцеговина, Бугарија, Киргистан, Украина и Узбекистан биле целосно вакцинирани против Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.