Следниот месец треба да се појави нова вакцина против COVID-19, но здравствените експерти и аналитичари велат дека најверојатно ќе наиде на ладен прием, иако варијантата на вирусот, ерис, брзо се шири.
Како што пишува Reuters, побарувачката за вакцина драстично опадна од 2021 година, кога за прв пат стана достапна и кога повеќе од 240 милиони луѓе во САД, или 73 отсто од населението, примија најмалку една доза од вакцината.
Здравствените центри и некои аптеки ќе почнат да ја нудат вакцината следниот месец, која е надградена за да се бори против „омикрон“ верзијата на вирусот што е доминантна од минатата година.
Тие ќе се борат против намалената загриженост за вирусот, заситеноста и скептицизмот за придобивките од оваа вакцина, рече директорот на фондацијата Kaiser, Ешли Кирзингер.
Новата варијанта на коронавирусот, ерис, поради која Светската здравствена организација вчера упати препорака до сите земји да внимаваат на епидемиолошката состојба, е регистрирана во 51 земја, меѓу кои и Грција, каде моментално летуваат голем број македфонски државјани.
СЗО предупредува дека тоа ерис е означена како EG.5 и има потенцијал лесно да се пренесе, да предизвика потешки форми на болеста и да го заобиколи имунолошкиот систем стекнат преку претходно прележан ковид или вакцинација.
Експертите велат дека симптомите на ерис се висока температура, главоболка, постојана кашлица, промени во сетилото за вкус и мирис, замор, течење на носот и болки во грлото. Практично, како што истакнуваат, симптомите се исти како кај повеќето варијанти на COVID-19.
Лекарите велат дека сè повеќе пациенти бележат покачени температури поради стомачни вируси, инфекции поради лошо миење на овошјето и зеленчукот, алергиски компликации, а повремено и поради ковид.
Според Reuters, иако некои лекари инсистираат на тоа дека годишните вакцини треба да бидат насочени кон постарите лица и други лица со висок ризик, има лекари кои советуваат дека новата подобрена верзија на вакцината против новиот сој би била погодна за сите, вклучително и за децата над на возраст од 6 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.