Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека бројот на заразени лица со коронавирус во Африка би можел да биде седум пати поголем од официјалните податоци, изјави денеска регионалната директорка на СЗО за Африка, Матшидисо Моети.
Таа, исто така, на редовниот онлајн брифинг за медиумите истакна дека смртните случаи од последиците на Ковид-19 би можеле да бидат два до три пати поголеми во однос на официјалните податоци.
Свесни сме дека нашите проблеми со системите за надзор што ги имавме на континентот, како и со пристапот до резервите за тестирање, доведоа до погрешно проценување на случаите, истакна Моети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.